Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaФизиката како природна наука 2
ФИЗИКАТА
Физиката може да се дефинира како природна наука која ги изучува ПРИРОДНИТЕ ПОЈАВИ.
Тие се последица на движењето на МАТЕРИЈАТА.
Самото име потекнува од грчкиот збор ФИЗИС (φύσις) – ПРИРОДА.
Физиката не може сама да ги објасни повеќето појави, туку е поврзана и со другите природни науки, а најмногу со математиката, хемијата и биологијата, како и со медицината, што подоцна во текот на работата ќе го напоменеме.
ПРИРОДНИТЕ ПОЈАВИ
Природните појави можат да бидат:
- МЕХАНИЧКИ (движење на летало)
- ТОПЛОТНИ (загревање и ладење на воздухот)
- ЕЛЕКТРИЧНИ (појава на молњи)
- МАГНЕТНИ (дејствување на магнетната игла на компасот)
- СВЕТЛОСНИ (сончева светлина)
- ЗВУЧНИ (сè што слушаме) и други
Со набљудувањето и со проучувањето на природните појави во секојдневниот живот ги запознаваме природните – ФИЗИЧКИ закони.
Ова знаење ни овозможува опстанок, но и ни го подобрува квалитетот на животот.
ФИЗИКАТА ја изучува МАТЕРИЈАТА, нејзините особини, заемното дејствување и движењето во просторот и во времето. Освен опити, физиката користи и поставување ТЕОРИИ.
Пред појавата на компјутерите, овие теории можеа да бидат потврдени и докажани само со математички пресметки, а денес во добата на суперкомпјутерите, имаме можност да поставиме симулации на физички појави кои е тешко или невозможно да се изведат како експеримент: тоа се нуклеарните реакции на ѕвездите, реакциите кои се одвиваат меѓу и во молекулите и атомите и можеби судирот на галаксии.
Поради тоа велиме дека ФИЗИКАТА Е ТЕОРЕТСКА НАУКА.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumКАКО ГИ ПРОУЧУВАМЕ ФИЗИЧКИТЕ ПОЈАВИ?
СО НАБЉУДУВАЊЕ
Со набљудувањето на природните појави ги откриваме условите во кои настануваат. Уште во времето на античка Грција, физиката се изучувала на овој начин.
СО ОПИТИ – ЕКСПЕРИМЕНТИ.
Опитите се прават во посебно подготвени и контролирани услови (во лаборатории). Се повторуваат повеќе пати, сè додека со сигурност не се утврди законитоста на некоја појава.
Поради тоа велиме дека ФИЗИКАТА Е ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА НАУКА.
ЕУРЕКА
Првиот опит го извел старогрчкиот научник – филозофот АРХИМЕД.
ЕУРЕКА – ОТКРИВ!
Сигурно една од најпознатите научни анегдоти, која ја знаат сите е онаа во која Архимед извикал: „Еурека“.
Кралот Хиерон му наредил на Архимед да открие дали златарот го измамил и во неговата златна круна сепак ставил сребро. За да се одмори, Архимед легнал во када полна со вода. Капејќи се му светнала идеја на кој начин ќе го направи тоа. Забележал дека кога ќе влезе во кадата истиснува одреден волумен вода. Бидејќи не смеел да ја растопи круната и да го проучи составот, ова била многу поедноставна варијанта, ќе ја потопи круната во кадата и ќе го измери нивото на водата, а потоа истата постапка ќе ја повтори овојпат со иста количина чисто злато - доколку волуменот е ист, златарот не го измамил кралот.
Електрицитетот го среќаваме постојано.
Ако го протриеме чешелот или балонот низ чиста, сува коса, нашата коса може да се подигне, а можно е да слушнеме и потпукнување. Сличен ефект имаме кога соблекуваме облека преку глава.
Физиката како природна наука 2
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!