Premium status ti omogućava:

Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaНАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА
Сонцето е ѕвезда која е најблиску до Земјата. Сонцето е вжештено, гасовито, вселенско тело кое има своја температура и светлина.
OMG ИНФО
Интересни факти (Занимливости) за Сонцето :
ЗИМА ЗИМА – Е, ПА ШТО Е
Планетите се вселенски тела коишто имаат облик на топка. Тие немаат своја светлина и топлина. Тие се студени и темни вселенски тела кои што светлината и топлината ја добиваат од ѕвездите околу кои се вртат.
Otključaj Premium
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumОДИ МАЧКА ПОКРАЈ ТЕБЕ
Планетите од Сончевиот систем имаат свои патишта по кои што се вртат околу Сонцето и тие патишта се во облик на издолжени кружници така наречени ЕЛИПСИ.
КОЛКУ НЕ ИМА?
Сончевиот систем има 8 планети кои според положбата ги делиме на внатрешни и надворешни.
Внатрешни се: Меркур, Венера, Земја и Марс.
Овие планети се нарекуваат и карпести бидејки градбата им е карпеста и имаат по мала големина (волумен).
КОЈ Е НАЈБЛИСКУ ДО СОНЦЕТО?
Планета која што е најблиску до сонцето и која што е најмала од сите што кружат околу сонцето е МЕРКУР.
Површината на Меркур ја сочинуваат планини и рамнини кои се покриени со лава и на површината има многубројни кратери.
БОЖИЦАТА НА УБАВИНАТА
Планетата која е најблиску до Земјата и која е со слична големина на Земјата е ВЕНЕРА. Оваа планета може да се види покрај Сонцето кога деновите се ведри и ја нарекуваме ѕвезда Деница.
Името го добила по римската божица Венера, бидејќи се смета дека е најубава од сите планети во Сончевиот систем.
ТРЕТИОТ КАМЕН ОД СОНЦЕТО
Земјата е трета планета по оддалеченост од Сонцето и најголема од сите четири внатрешни планети. Поради големата водена површина се нарекува и сина планета.
ЦРВЕНА ПЛАНЕТА
Четвртата планета е МАРС и таа е најслична на Земјата – има 4 годишни времиња, вулкани, планини, исушени речни корита и пустини. Оваа планета го добила своето име по римскиот бог на војната – Марс, а ја нарекуваат и црвена планета. Се смета дека некогаш на оваа планета постоеле услови за живот.
ДРУГАРИТЕ ЈУПИТЕР, САТУРН, УРАН И НЕПТУН
Надворешни планети на Сончевиот систем се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Овие планети се викаат и гасовити планети и имаат голем број на сателити.
КОЈ Е НАЈГОЛЕМ?
Најголеман планета во Сончевиот систем е Јупитер. Таа е толку голема што во неа би можело да се соберат 1300 планети со големина колку Земјата. Јупитер нема цврста површина, туку е цела составена од гас. Името го добила по врховниот бог од римската митологија.
КОЈ СЕ ТРУДИ ДА БИДЕ НАЈГОЛЕМ?
Сатурн е втората планета по големина. Исто како и Јупитер нема цврста површина, туку е составена од гас. Сатурн има свои прстени, кои всушност се парчиња од карпа и лед во различна големина.
МАЛКУ ВЛЕЧЕ НА СТРАНА
Уран е планета помала од Сатурн. Уран е специфичен затоа што околу својата оска се врти странично – се претпоставува дека во текот на создавањето на Уран, некое вселенско тело удрило во него и го поместил на страна.
ПОСЛЕДЕН ВО НИЗАТА И НЕ СЕ ЛУТИ
Нептун е планета помала од Уран и е најоддалечена од Сонцето. Се состои од јадро покриено со лед, врз кое се наоѓаат слоеви од гасови.