Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaВселена и ѕвезди
ПОГЛЕД ВО НЕБО
Кога навечер гледаме во небото можеме да видиме многу светлечки објекти. Се што ќе видиме во бескрајниот простор го нарекуваме ВСЕЛЕНА.
Вселената е бесконечен небесен простор во која се наоѓаат телата на вселената. Вселената уште се нарекува космос или универзум.
ОМГ ИНФО
Само еден мал дел од вселената е истражуван така да поголемиот број на информации за неа се само претпоставки.
ЖИТЕЛИ НА ВСЕЛЕНАТА
Со погледот во небото можеме да видиме голем број на ВСЕЛЕНСКИ ТЕЛА кои се движат по вселената.
Вселенски тела се: ѕвезди, планети, сателити, комети, метеорити, астероиди.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumЅВЕЗДИ
Кога гледаме во небото можеме да видиме голем број на ѕвезди, кои што делуваат многу ситно. Но тие не се ситни, тие само така изгледаат бидејќи се на голема оддалеченст од нас, а вистината е дека тие се големи вселенски тела. Ги гледаме навечер бидејќи ѕвездите имаат своја топлина и светлина.
Бојата на звездите ја покажуваат температурата на нејзината површина-сините и бели звезди се најтопли, а црвените и портокаловите се поладни.
СОЅВЕЗДИЕ
Големиот број на ѕвезди на небото го отежнуваат истражувањето на видливиот дел на небото и поради тоа научниците звездите ги организирале во СОЅВЕЗДИЈА.
Соѕвездијата настануваат со поврзување на најсветлите ѕвезди во облик на животни, суштества, предмети, човечки фигури, со што би се олеснила ориентацијата на небото. Најважни соѕвездија за жителите на северната хемисфера се Големата Мечка и Малата Мечка.
ВСЕЛЕНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ
ГАЛАКСИЈА
Галаксијата претставува голем собир на ѕвезди. Во една галаксија се наоѓаат околу 200 милијарди ѕвезди со различен облик и големина.
Галаксијата во која се наоѓа планетата Земја се нарекува ГАЛАКТИКА или МЛЕЧЕН ПАТ. Светлечкиот пат и облик потсетуваат на истурено млеко, па името го добила по грчкиот збор гала, што значи млеко.
ОМГ ИНФО
Вселената ја проучува наука која се вика АСТРОНОМИЈА.
Растојанијата во вселената не може да се изразуваат во мерни единици кои се користат за растојанијата на Земјата, бидејќи растојанијата помеѓу вселенските тела се големи.
Астрономската единица со која се изразува растојанието помеѓу вселенските тела се нарекува СВЕТЛОСНА ГОДИНА. Таа го претставува средното растојание на Земјата од Сонцето.
COOL SHTREBER
Вселена и ѕвезди
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!