Релјеф
Во Швајцарија се издвојуваат три природни целини.
Најголемиот јужен дел на земјата се состои од швајцарските Алпи, кои ги делат реките Рајна и Рона на два паралелни венци.
Иако не е највисок, Матерхорн е најпознатиот врв.По должината на северозападната граница се наоѓаат планините Јура, а помеѓу Јура и Алпите се наоѓа швајцарската висорамнина Митланд со неколку големи глацијални езера.
Благодарение на хидроенергијата и увезените суровини, машинската индустрија се разви во Швајцарија.
Индустријата за часовници и прецизни мерни инструменти има посебно значење и традиција. Цирих е познат по своите електрични и механички производи, а Базел по фармацевтската индустрија.
Нема услови за земјоделство, но затоа на планинските пасишта е развиено сточарството, особено говедарството.
