Од средината на 20 век, благодарение на богатите наоѓалишта на нафта во Северното море, се развива петрохемијата.
Дрвната индустрија и производството на дрво, целулоза и хартија за извоз се важни за Норвешката економија.
За стопанството значајни се и преработката на железо и обоени метали, како и туризмот.
Осло, главниот град на Норвешка, со пошироката урбана област има околу 900.000 жители.
Осло се смета за еден од најскапите градови во светот.
Осло е големо пристаниште и важен културен, образовен и туристички центар.

Други големи градови и индустриски центри се исто така во јужниот дел на Норвешка, додека помалите риболовни и туристички места се наоѓаат на фјордовите.