ВРНЕЖИ
Врнежите се вода која паѓа од облаците во течна или цврста состојба или се формираат веднаш над површината на Земјата.
Малите врнежи се формираат веднаш над копното и зависат од температурата на самото копно.Во мали врнежи спаѓаат роса, слана, иње и мраз.
Високи врнежи се дожд, снег и град и се јавуваат во трапосферата.
Росата е предизвикана од кондензација на водена пареа на површината на почвата наутро и навечер, кога температурата паѓа во текот на ноќта.
Сланата се јавува во есен, рана зима или пролет кога температурата на земјата паѓа под 0 степени целзиусови во текот на ноќта.
Мразот се јавува во текот на зимата кога температурата на почвата е под 0 степени целзуисови и дадената влага од воздухот се претвора во мраз, што доведува до формирање на тенка ледена кора на површината на Земјата.
Дождот е предизвикан од водена пареа од воздухот во повисоките слоеви на атмосферата која се лади и се претвора во капки вода кои создаваат облак. Кога капките дожд стануваат поголеми и пообилни, тие паѓаат на копното под влијание на Земјината сила.
Снегот се формира исто како дождот, освен што воздушната пареа не се претвора во капки вода, туку во ледени кристали кои се спојуваат во снегулка. Градот се формира во текот на летото. Количината на врнежите се мери со дождомери, и се изразува во mm.
