Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaВтор Њутнов закон
ВРСКАТА МЕЃУ СИЛАТА, МАСАТА НА ТЕЛОТО И ЗАБРЗУВАЊЕТО
Во претходните две лекции се потсетивме на наученото, а научивме и нова физичка величина. Во оваа лекција ќе се поврзат масата, силата и забрзувањето што го добива телото под влијание на таа сила.
Зависноста на забрзувањето на телото од силата што дејствува на него и од неговата маса може да се утврди со помош на следниот опит. За лесна количка (ќе ја означиме со буквата К), која се наоѓа на мазна подлога, се врзува конец кој ќе го префрлиме преку лесен котур. На другиот крај на конецот се наоѓа тег (Т).
Кога ќе ги пуштиме количката и тегот, количката под дејствувањето на постојаната сила F ќе почне да се движи рамномерно забрзано сè до граничникот (G).
Растојанието што количката ќе го помине се менува во текот на изведувањето на опитот. Колку што измереното време е подолго, толку забрзувањето на количката е помало.
Врз основа на тоа можеме да утврдиме дека забрзувањето на телото зависи од силата што дејствува на него и од неговата маса.
Откако ќе го измериме времето за кое количката ќе го помине патот s под дејство на силата F, ќе ја удвоиме силата што дејствува на количката, не менувајќи ја нејзината маса.
Измереното време ќе биде помало, што значи дека забрзувањето е поголемо.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumВрз основа на сликата во претходниот блок, можеме да заклучиме дека забрзувањето на телото под дејство на силата F е сразмерно на интензитетот (јачината) на таа сила.
Сега го мериме времето за кое количката со маса m ќе го помине патот s под влијание на силата F.
Ако ја удвоиме масата на количката, а силата не ја менуваме, а потоа го измериме времето, ќе видиме дека времето на движење е подолго отколку кога сме имале двојно помала маса.
Врз основа на претходниот блок, заклучуваме дека забрзувањето е обратно-пропорционално на масата при истото дејствување на сила, т.е. кога масата се зголемува, забрзувањето се намалува.
Овие две претходно опишани пропорционалности можеме да ги напишеме како формула:
a = F/m
Врз основа на претходните примери може да се заклучи дека постои врска меѓу силата, забрзувањето и масата на телото на кое дејствува силата. Точната врска меѓу нив ја дал Исак Њутн и формулирана е како Втор Њутнов закон.
Забрзувањето на телото е пропорционално на силата што дејствува на него, а обратно-пропорционално на масата на тоа тело.
Оваа претходна формула го претставува Вториот Њутнов закон, кој е многу попознат по формулата:
F = m*a
Силата е еднаква на производот од масата и забрзувањето.
Знаеме дека единица за сила во SI е њутн (N), а врз основа на претходната формула добиваме:
Втор Њутнов закон
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!