Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaМЕЃУСЕБНО ДЕЛУВАЊЕ НА ДВЕ ТЕЛА – СИЛИ НА АКЦИЈА И РЕАКЦИЈА“
Од секоједневениот живот знаеме дека делувањето помеѓу две тела е секогаш взаемно, т.е. доколку првото тело делува врз другото, истовремено и другото ќе делува на првото.
Ова взаемно делување, ќе се прикаже на следниот пример.
Да ги набљудуваме две наелектризирани топчиња.
Топчето 1 да е наелектризирано позитивно, а топчето 2 негативно.
Силите меѓу нив, како што знаеме, се привлечни, а динанмометрите покажуваат и дека се еднакви по интензитетот.
Доколку телото 1 делува врз телото 2 со сила F12 (се чита „еф еден два“), тогаш и телото 2 ќе делува со сила F21 (се чита „еф два еден“) на телото 1.
Овие две сили го имаат истиот правец и интензитет,а спротивни насоки. Истото важи и за магнетната сила.
И за гравитационата сила:
III Њутнов закон (Закон на акција и реакција)
Врз основа на наведените факти во претходните блокови, III Њутнов закон можеме да го формулираме на следниот начин:
Силите со кои телата делуваат меѓусебноедно на друго ги имаат истите интензитети и правци, но да го набљудуваме следниот експаримент кој лесно е да се изведе.
III Њутнов закон или Законот на акција и реакција може да се дефинира на уште еден начин:
Силата на акција по интензитетот (јачина) и правецот секогаш е еднаква со силата на реакција.
Силите на акција и реакција секогаш делуваат истовремено, доколку престане дејството на едната, во истиот момент престанува и дејството на другата. Бидејќи силата како поим е векторска величина, овој закон е поправилно да се напише во следниот облик:
Примери на делување на едното тело врз другото, имаме безброј. Многуте ни се чинат нелогични. Ќе наведеме само неколку. Кога ќе ја пуштиме топката, таа ќе отскокнува. Кажуваме дека тоа е поради тоа што подлогата делува врз неа.
Но, дали топката делува врз подлогата? Секако дека делува и тоа со ист интензитет, ист правец, но спротивна насока. Ние тоа делување на топката врз подлогата не можеме да го „видиме“, но научивме дека постои.
Кога ние го туркаме зидот, се поставува прашање, дали зидот не турка нас?
Доколку првото тело делува врз другото со сила F, тогаш и другото делува на првото со сила F.
Кога зборуваме за меѓусебно делување на две тела, често е сеедно кое од телата ги сметаме за првото, а кое за другото.
Некогаш не е можно да се определи која е силата на акција,а која на реакција, ниту е важно.
На физичарите во овој случај им е сеедно, но за сопствениците на овни сигурно не е.
Доколку се скараат, секој од сопственицте ќе тврди: “Нашиот овен само се бранел“. Со тоа ќе се дефинира која е силата на акција (кој е виновен), а која е силата на реакција (кој е невин). Како?
Понекогаш е логично едната сила да ја сметаме за силата на акција, а другата за силата на реакција. На кое тело во случаевите прикажани на сликата делува силата на акција, а на кое силата на реакција?
Силта на акција и реакција се од иста природа. На пример, двете мораат да бидат или гравитациони, или еластични, или електрични или магнетни...
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumКога ќе го надуеме балонот, пак ќе го пуштиме, што се случува?
Што е овде сила на акција, а што сила на реакција? Ракетите исфрлаат усвитени гасови со голема брзина надолу, а сами се движат нагоре.
Поради делувањето на ракетата на усвитените гасови со сила вертикално надолу, усвитените гасови, врз основа на III Њутнов закон, делуваат врз ракетата со сила насочена вертикално нагоре.
Сипи и октоподи се движат користејќи го Третиот Њутнов закон, иако за тоа не се свесни. Тие, потискувајќи ја водата од дупката ја предизвикуваат силата на реакција која ги покренува.
МЕЃУСЕБНО ДЕЛУВАЊЕ НА ДВЕ ТЕЛА – СИЛИ НА АКЦИЈА И РЕАКЦИЈА“
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!