Важно е да се каже дека поимите „забрзување“ и „голема брзина“ не се исти.
Забрзувањето нема врска со моменталната брзина, тоа претставува промена на таа брзина во некој временски интервал. Ако брзината не се менува, тогаш нема забрзување, дури и ако телото се движи со огромна брзина.
Забрзувањето е векторска величина, што значи дека е одредено од: интензитетот, правецот и насоката.
При праволиниско движење правецот на забрзувањето е ист како и правецот на движењето на телото.
Насоката на забрзувањето влијае на брзината на телото и тоа:
- Ако забрзувањето е во истата насока како и брзината, тоа ја зголемува брзината, т.е. движењето е забрзанo
- Ако забрзувањето е во спротивна насока од брзината, тоа ја намалува брзината и таквото движење е забавено
- Ако телото доволно долго забавува, може да застане и да тргне во спротивната насока од почетната