Најголемите природни ресурси на Шведска се шумите, кои покриваат повеќе од половината од територијата, како и хидроенергијата и железната руда.
Обработливите површини се дефицитарни и се наоѓаат во јужниот дел на земјата каде што почвата е поплодна.

Економијата на Шведска е модерна и високо индустријализирана. Иако поради суровата клима и лошите услови за градба како и тешкото одржување, населбите на југ се добро поврзани со модерни патишта и железници со рударски и индустриски населби во централниот и северниот дел на државата.